Top Sport

Калин Ивановски поразен на стартот од турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби уште на стартот од Челенџер турнирот „Macedonian Open 2023“ во Скопје. Тој доживеа пораз со 0:2 во сетови од хрватскиот тенисер Дино Призмиќ.

Хрватот првиот сет го доби 6:4 во гемови, а во вториот беше уште поубедлив и на Ивановски му препушти само еден гем.

Призмиќ е рангиран на 295. место на АТП листата и беше фаворит во дуелот со Калин Ивановски, кој се наоѓа на 415. позиција.

Фото: Игор Паневски

 

Scroll to Top