Top Sport

Капитенот Диме Димов ја напушта Академија Пандев

Капитенот на македонскиот прволигаш Академија Пандев, Диме Димов, по седум години поминати во струмичкиот клуб, одлучи да замине. Ова лето ќе се случи најавеното ребрендирање на клубот, со оглед дека Горан Пандев го продаде на сопствениците на аматерскиот италијански клуб Брера, па се најавуваат и големи промени во играчкиот кадар.

„После седум убави години заминувам од Академија Пандев. Во овој клуб го минав најубавиот период во кариерата, можам само да се заблагодарам на Горан Пандев за сѐ што направи за нас и за целиот клуб, а сега е време за нов предизвик“, вели Диме Димов.

Од струмичкиот тим најавено е заминување на уште неколку фудбалери кои оваа сезона беа дел од тимот, а замина и тренерот Александар Васоски.

Scroll to Top