Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во четврт-финалето на фјучерс турнирот во Монастир, Тунис. Тој во осминафиналниот дуел славеше над Италијанецот Андреа Пичоне со 2:1 во сетови (4:6, 7:6, 7:5).
Ривалот подобрио го отвори мечот и го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Но, Ивановски заигра многу подобро во вториот и по голема борба го освои во тај-брејк.
Третиот сет исто така беше неизвесен, а македонскиот тенисер го доби со 7:5 во гемови и го комплетираше мечот.