Top Sport

Калин Ивановски се пласира во осминафиналето на турнирот во Австрија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во осминафиналето на ИТФ фјучерс турнирот, кој се одржува во Котингбрун, Австрија.

Калин во првото коло го совлада италијанскиот тенисер Фаусто Табачо со 2-1 во сетови. Ивановски го загуби првиот сет со 4:6, но потоа ја подобри својата игра и ги освои следните два.

На ривалот му дозволи само шест гема, по три во секој сет и славеше со 6:3, 6:3. Следен противник на македонскиот тенисер ќе биде Италијанецот Андреа Гуериери.

Scroll to Top