Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е рангиран на 475. место на најновата АТП – листа, а тоа е најдобар пласман во неговата кариера. Тој оваа седмица забележа скок од две позиции.
Калин Ивановски стигна до полуфиналето на ИТФ турнирот во Франција, што му донесе нови поени.
Следната цел на Калин Ивановски ќе биде да ги надмине неговите претходници, Предраг Русевски, Лазар Магдинчев и Александар Китинов, кои ја пробија и бариерата од 300. позиција.