Top Sport

Калин Ивановски со триумф го отвори турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оствари победа во првото коло на фјучерс турнирот во Монастир, Тунис, кој има награден фонд од 15.000 американски долари.

Ивановски беше фаворит на дуелот со Ленид Болка од Соединетите Американски Држави и славеше со 2:1 во сетови (6:3, 3:6, 6:0). Македонецот имаше пад во играта во вториот сет, но потоа покажа дека е поквалитетен тенисер и се пласираше во следната рунда.

Во второто коло нашиот тенисер за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Французинот Тепмац и Австралиецот Еванс.

Scroll to Top