Top Sport

Калин Ивановски успешен во игра на двојки на турнирот во Дубровник

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски имаше успешен старт во игра на двојки на ИТФ турнирот во Дубровник.

Ивановски, заедно со домашниот тенисер Лука Микрут, одиграа одлично против украинско – полската двојка Дудун – Мичоски и со 2:0 во сетови се пласираа во четврт-финалето.

Во првиот сет Ивановски и Микрут на ривалите им дозволија само два гема, додека во вториот сет славеа со 6:4 и го комплетираа мечот.

Противници во четвртфиналето ќе им бидат домашните тенисери Кристијан Тумбас Кајго и Марко Баничевиќ.

Scroll to Top