Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во четврт-финалето на ИТФ фјучерс турнирот во Котингбрун, Австрија. Тој во осминафиналето го совлада Италијанецот Андреа Герери со 2:0 во сетови.
Ивановски го доби првиот сет со 6:3, а со идентичен резултат го комплетираше и вториот. Македонскиот тенисер сега го очекува четвртфинална пресметка со Австриецот Петер Голдштајнер.