Top Sport

Камил Стох со доминација во Лахти до победа број 33 (видео)

Полскиот актуелен шампион од Светскиот куп, Камил Стох полека се враќа во форма, нешто што го докажа со импресивната победа на натпреварувањето во финскиот Лахти со два најдобри скока.

Стох имаше одличен прв скок од 132.5 метри, за во вториот должина од 129 метри да му биде доволна за победнички 280.9 поени и 33. триумф во кариерата со кој се израмни со Германецот Јенс Вајсфлог на петтото место на вечната листа.

Второто место го освои лидерот во генерален пласман и победник на 4 скокалници, Рјоју Кобајаши со 129.5 и 124 метри за 263.7 поени, додека последното место на подиумот отиде кај Норвежанецот Роберт Јохансон (127.5 и 124 метри).

Кобајаши останува лидер со 1.460 поени, но Стох полека се доближува со 1.029 поени, додека трет е Штефан Крафт од Австрија (967).

Фото: ЕПА



Scroll to Top