Top Sport

Канадски хокеар фатен со фалс потврда за вакцинација – суспендиран е 21 натпревар

Националната хокеј лига (НХЛ) го казни играчот Ивандер Кејн (Сан Хозе) со забрана за играње на 21 натпревар поради користење на фалсификувана потврда за вакцинација против коронавирусот.

Од лигата синоќа најавија дека Кејн нема да може да игра до 30. ноември, а со тоа ќе загуби 1,7 милиони долари од својата плата, а тие пари ќе отидат во Фонд за помош на играчите.

„Сакам да им се извинам на соиграчите, на целата екипа на Сан Хозе Шаркс и на сите навивачи. Направив грешка поради која жалам и ја преземам одговорноста“ рече 30-годишниот хокеар.


Минатата сезона на 56 натпревари, тој постигна 22 гола и имаше 27 асистенции.

Scroll to Top