Австријката Корнелија Хитер триумфираше на петочниот спуст во Лејк Луис, Канада, во трка која беше одбележана со нов страшен пад на американската рекордерка Линдзи Вон, од кој за среќа самата стана.
25-годишната Хитер стигна до својата прва победа по таа на супер-џи трката во Ленцерхајде во март 2016 година, со само 9 стотинки предност пред Тина Вајратер од Лихтенштајн, додека неочекуван подиум во Канада оствари специјалистката за слалом, Американката Микаела Шифрин.
Сепак, најголеми воздишки на патеката предизвика нејзината сонародничка, Линдзи Вон, победничката на рекордни 18 трки во Лејк Луис, откако иако имаше најдобро преодно време, таа се излизга незгодно и заврши во заштитната ограда. Првите информации велеа дека таа нема посериозна повреда и дека може да настапи на утрешниот спуст.
Video of Lindsey Vonn’s crash that she walked away from. pic.twitter.com/6PAEFMni85
— Nick Zaccardi (@nzaccardi) December 1, 2017