Мексиканската боксерска легенда Саул „Канело“ Алварез е блиску до обединување на сите титули во супер-средна категорија, откако Били Џо Саундерс не можеше да ја продолжи осмата рунда пред над 70 илјади фанови на „АТ&Т стадионот“ во Тексас.
Саундерс успеа да изддржи седум рунди од мечот за обединување на титулата, но откако доби силен удар над десното око, имаше толку голем оток што не беше можно да се продолжи и тој на крајот заврши во болница. Саундерс, кој немаше пораз во 30 меча, губеше кај тројцата судии пред нокаутот.
Канело сега е сопственик на ВБА, ВБЦ и ВБО титулите во супер-средна категорија и планира меч со носителот на ИБФ титулата, Американецот Кејлеб Плант, со која би станал прв Мексиканец во историјата со четири титули во оваа категорија.