Top Sport

Мотор го „прегази“ Веспрем, ППД Загреб пак остана без победа

Веспрем по фантастичниот старт во ЕХФ Лигата на шампиони, Веспрем го доживеа вториот пораз во низа, откако Мотор Запорожје стигна до импресивна 29:27 (14:12) победа над унгарскиот гигант.

Мотор започна фантастично, со предност од 4:1, и иако Веспрем успеа да се врати во игра, на полувреме се отиде со два гола предност за украинскиот клуб. Мотор ја оддржуваше предноста и во второто полувреме, достингувајќи до +5 за победа со која се искачуваат на четвртото место во групата Б.

Дмитро Хориха и Захар Денисов беа лидери на Мотор со шест гола, додека за Веспрем само Расмус Лауге и Мате Лекаи имаа по 4 постигнати голови.

Во групата на Вардар, ППД Загреб, пак, ја продолжи низата без победа во елитното европско натпреварување, пропуштајќи предност во второто полувреме на гостувањето кај Мешков Брест во дуелот на фенерџиите. Францускиот Монпелје се искачи на првото место со 11 поени, откако стигна до доминантна 37:30 победа кај Елверум.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 7.КОЛО

ГРУПА А

Елверум – Монпелје 30:37 (15:20)

Мешков Брест – ППД Загреб 30:30 (13:15)

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Б

Мотор Запорожје – Веспрем 29:27 (14:12)

Флензбург – Динамо Букурешт 37:30 (14:14)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top