Канзас Сити Чифс со победата над Филаделфија Иглс со 38:35 го освоија 57. издание на Супербол. Спектакуларниот меч во Аризона му припадна на тимот на Канзас, кој со голем пресврт го надигра фаворизираниот ривал од Филаделфија.
Ова беше прв судир меѓу бековите, Патрик Махомес и Џејлен Харст. МВП наградата ја освои лидерот на нападот од Канзас.
Иглс на полувреме имаа предност 14:24, Канзас водството го преседе во третата четвртина (28:27), а во последните пет минути од мечот ја сочува предноста. Победата ја обезбедија на 11 секунди до крајот на спектакуларното финале.
Махонс истрча 182 јарди и фрли три тачдауни.