Top Sport

Македонија и Косово ќе играат во септември

Полу-финалниот бараж во Д-сегментот во Лигата на нации помеѓу Македонија и Косово доби нов термин од УЕФА.

УЕФА попладнево одржа видео конференција со генералните секретари на сите 55 земји членки. Приоритет на европската куќа на фудбалот е најпрвин за заврши клупската сезона, односно натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа, поради што повторно се поместени баражите за пласман на Европското првенство.

Првично полу-финалето Македонја и Косово требаа да го одиграат на 26 март. Поради коронавирусот дуелот беше поместен за 4 јуни, а сега УЕФА објави нов термин.

За пласман во финалето, во Д-сегментот, во Лигата на нации и натпревар со победникот од баражот помеѓу Грузија и Белорусија, Македонија и Косово ќе играат во периодот од 3 до 8 септември.

Scroll to Top