Македонскиот каратист Давид Петков го освои златниот медал на Европските универзитетски игри во Лоѓ, Полска, откако во финалето го совлада Гарбиел Паула Матијас од Португалија со 4:1.
Нашата универзитетска репрезентација е предводена од селекторот Бошко Заборски кој истакна дека Петков цело време доминирал. Ова е првиот златен медал за Македонија на Европските универзитетски игри, претходно Ангела Мојсовска се закити со бронза.
На игрите се пријавени 5000 студенти од 400 европски универзитети од 40 држави и тие се натпреваруваат во 20 различни спортови.