Top Sport

Црногорците се оптимисти: Можеме да ја победиме Македонија

Црна Гора ќе биде вториот противник на Македонија на Европското првенство во Словачка и Унгарија.

Влогот за утрешниот натпревар е голем за двете селекции, кои беа поразени во првата рунда. Македонија во тесен натпревар загуби од словенија (25:27), додека Црногорците очекувано беа поразени од фаворизираната Данска (21:30).

„Нема причина против Македонија да не одиграме дисциплинирано. Сигурен сум дека ќе бидеме вистински на тој меч“, рекол директорот на репрезентацијата на Црна Гора, Драшко Мрваљевиќ.

Директорот ја предводеше Црна Гора против Данска, бидејќи селекторот Драшко Рогановиќ се наоѓа во ковид-протоколот.

„Го гледавме мечот Македонија-Словенија. И со двете репрезентации можеме да играме. Добро се држеа, но ние против Македонија имаме шанса, ќе одиме на победа. Но никогаш не можете да знаете што ви носи наредниот де, најпрвин да се тестираме на коронавирусот. Мораме да размислуваме позитивно“, рекол кпитенот Васко Шеваљевиќ.

Натпреварот Македонија-Црна Гора, утре ќе започне во 18 часот.

Scroll to Top