Top Sport

Карлос Алкараз пет и пол часа се бореше против Синер за место во полуфиналето на УС Опен

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја комплетираше полуфиналната четворка на УС Опен, откако во неверојатен меч кој траеше пет и пол часа, со 3:2 во сетови го елиминира Италијанецот Јаник Синер. Алкараз покажа поголема ментална сила и неверојатна физичка подготвеност во последниот петти сет и го доби со 6:3 во гемови. Тој ги освои последните четири гема по ред.

Алкараз во полуфиналето ќе се сретне со Френсис Тијафо, кој направи сензација со елиминацијата на Рафаел Надал, а потоа беше подобар и од Андреј Рублев со 3:0 во сетови.

Втората полуфинална двојка во машка конкуренција ја сочинуваат Карен Хачанов и Каспер Руд.

Кај дамите, првата носителка Ига Швјонтек се пласира во полуфиналето со триумфот од 2:0 во сетови против Џесика Пегула, а следна ривалка ќе и биде Арина Забаленка. Во второто полуфинале ќе играат Каролин Гарсија и Онс Жабер.

Scroll to Top