Легендарниот шаховски велемајстор, Гари Каспаров влезе во остар напад на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ, нарекувајќи го вистиски пример на општествената отупеност, поради неговите ставови за војната во Украина.
Рускиот велемајстор е познат како остар критичар на рускиот претседател Владимир Путин, и во интервју за хрватскиот „Вечерњи лист“ ги коментираше критиките кои ги упати кон Ѓоковиќ за неговата изјава дека нема потреба за суспензија на руските и белоруските спортисти.
„Русија може да се натпреварува по рангот, но убиваат по националност. Руските спортисти кои не ја осудуваат војната за истребување на Путин во Украина го подддржуваат со молчење. А, Србин кој нема да го направи тоа, посебно паѓа во очи поради историјата. Јас индиректно одговорив на некои од неговите коментари на Твитер. Вистинскиот пристап е да се потпише декларацијата која ја споменував. Да се осуди војната како криминал, режимот како нелегален, а Путин како диктатор. Ако го потпишат тоа, нека настапуваат. Коментарите на Ѓоковиќ беа депласирани бидејќи се зборуваше за покана која е базирана на рејтинг. Тоа што се гледа во овој случај, и во случајот на некои НХЛ играчи како Александер Овечкин, е пример за општествената отупеност. Тие не сфаќаат што се случува. А се случува злосторство какво што не е видено од Вторат светска војна. Не сакам да ги намалам злосторствата во балканските војни, но големината не може да се спореди со тоа што се случува во Украина. Да, и тоа беше трагично и српската агресија требаше да биде осудена“, вели Каспаров.
Ставот за Ѓоковиќ може да се погледне во интервјуто по 50-тата минута.