Продолжува егзодусот на фаворити на Индијан Велс. По поразот на вториот носител Стефанос Циципас, од турнирот многу рано заминува и третиот носител, Каспер Руд.
Норвежанецот неочекувано загуби од чилеанскиот тениер Кристијан Гарин со 2:0 во сетови (6:4, 7:6).
Гарин беше неверојатен, имаше 27 „винери“ и успеа да елиминира четвртиот тенисер на АТП – листата.