Далас Каубојс, екипа што е дел од професионалната лига во американски фудбал (НФЛ), според истражувањата на магазинот „Форбс“ е највредниот клуб во светот на спортот. Вредноста на клубот е проценета на 4,8 милијарди долари.
Зад Далас Каубојс, чија вредност последната година пораснала за 14 отсто, се наоѓаат три фудбалски великани: Манчестер јунајтед (4,1 милијарди долари), Реал Мадрид Минхен (4,08) и Барселона (4,06).
Место во Топ 10, според истражувањата на „Форбс“ имаат: Њујорк Јенкис (бејзбол, 4 милијарди долари), Њу Ингланд Петриотс (НФЛ, 3,7 милијарди), Њујорк Никс (НБА, 3,6 милијарди), ЛА Лејкерс (3,3 милијарди), Њујорк Џајантс (НФЛ, 3,3 милијарди) и Голден стејт Вориорс (НБА, 3,1 милијарди).
Листата на „Форбс“ анализира клубови од НФЛ, НХЛ, НБА, МЛБ, Формула 1, Наскар и фудбалски тимови, односно го анализира нивниот капитал, стадиони и останатите вредности.