Американката Софија Кенин и Австрлијката Ешли Барти ја формираа првата полу-финална двојка на Австралија опен.
Кенин, во пресметката на тенисерките кои прв пат играа четврт-финале на некој грен-слем турнир, во два сета ја победи Онс Жабер од Тунис. Американката двата сета ги доби со резултат 6/4.
По два одиграни сета пласман во полу-финалето избори и Ешли Барти. Таа е првата Австралијска што ќе игра во полу-финалето по пауза од 36 години.
Барти со 7/6, 6/2 го доби дуелот со Петра Квитова од Чешка. Тенисерката од Австралија и се реваншираше на Квитова за поразот од минатата сезона на турнирот во Мелбурн.
Утре ќе се одиграат преостанатите две четврт-финалиња кај дамите. За полу-финале ќе се борат Симона Халеп и Анет Контавејт, односно Гарбиња Мугуруса и Анастасија Пављученкова.