Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) за руската новинска агенција „ТАСС“ потврди дека кинеската влада ќе дозволи „нецензуриран“ интернет за спортските ѕвезди кои ќе учествуваат на Зимската Олимпијада во Пекинг во февруари.
Кина во моментов не дозволува пристап до социјални мрежи како Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Ватсап и Телеграм, како и гигантот Гугл. ИОЦ објави дека интернетот ќе биде целосно „слободен“ за сите акредитирани спортисти во олимписките објекти и во хотелите, додека организаторите ќе им дадат посебни СИМ-картички.
Иако сите сметаме дека на Интернет слободата е универзална, цела генерација на Кинези растат со „паралелен“ Интернет со посебни веб-сајтови, додека социјалната мрежа Веибо е мета на ограничување на соддржината за де „изгради систем на кинески вредности“.
Гугл и нивниот веб-браузер, алатката за претражување и имејл услугата не се достапни во Кина од 2014 година.