Top Sport

Кинез ја претепа ќерката тенисерка зошто не сакала да продолжи да тренира

Кинески државјанин беше приведен во Белград затоа што брутално ја претепа својата ќерка тенисерка која не сакала да го продолжи тренингот. Откако дал исказ во полиција, тој е ослободен, а уште поскандалозна е неговата изјава. Тој тврди дека такво дисциплинирање е нешто сосема нормално во неговата земја Кина.

„Ќерка ми одбиваше да продолжи со тренингот и доби ќотек. На направив ништо погрешно. Вакво дисциплинирање е дозволено во Кина“, изјави таткото.

На видео – снимката се гледа како тој ја клоца со нозе, ја удира по главата, а тенисерката паѓа на земја и не смее да се брани.

Scroll to Top