Top Sport

Киптум го урна светскиот рекорд во маратон

Кениецот Келвин Киптум Чериот постави нов светски рекорд во маратон, надминувајќи го претходниот рекордер Елиуд Кипчоге за 34 секунди.

Киптум, кој има 23 години, го истрча маратонот во Чикаго за 2:00:35. Тој стана првиот човек во историјата што истрчал маратонот за помалку од два часа и една минута.

„Во иднина знам дека можам да трчам за два часа“, изјави неодамна Киптум

Киптум имаше неверојатен финиш, делницата од 30. до 35. километар ја истрча заневеројатни 13:51 минути. .

Претходно, Киптум три пати трчаше маратон во кариера – сите три во последните десет месеци и стана сопственик на три од шесте најбрзи времиња во историјата.

Scroll to Top