Австралискиот тенисер Ник Кирјос ја освои титулата на АТП турнирот од серијата 500 во Вашингтон, откако во финалето за два часа и 22 минути игра го совлада Јошихито Нишиока со 6:4, 6:3. Воедно, во американската престолнина славеше и во конкуренција на двојки во пар со Џек Сок, победувајќи ги во финалето Крајичек и Додиг со 2:0 (7:5, 6:4).
Моментално 63. играч во светот го освои седмиот трофеј во кариерата, односно прв од август 2019 година.
Кирјос, кој од понеделник ќе биде 37. играч во светот, загуби само еден поен во последните три сервис-гема.