Top Sport

Кирјос јасно стави до знаење за кого ќе навива во финалето на Вимблдон

Ник Кирјос, контроверзниот австралиски тенисер, јасно се стави на страната на Роџер Федерер пред денешното мега-финале на Вимблдон против светскиот рекет број 1 и актуелен шампион, Новак Ѓоковиќ.

„Федерер те молам победи“, напиша Кирјос во знак на поддршка за Швајцарецот и неговиот обид за 21. гренд слем титула.

Кирјос, кој загуби во второто коло од Рафа Надал, во мај јасно кажа што мисли за Ѓоковиќ.

„Мислам дека тој има опсесија да го сакаат. Не можам да го смислам тоа, бидејќи тој е сосема спротивен од мене“, изјави тогаш Кирјос за Ѓоковиќ.

Федерер има 22-25 скор против Ѓоковиќ и последен пат го има победено Србинот на АТП финалето во 2015 година, така што не е голем фаворит пред мечот.

Scroll to Top