Top Sport

Кирјос на прес-конференција пиеше пиво (видео)

Во Женева од петокот до неделата се одржуваше третото издание на Лејвер купот на кој Европа по третпат го победи тимот на Светот. Двобојот го реши Александер Зверев кој триумфираше над канадскиот тенисер Милош Раониќ.

Екипата на Светот беше предводена од Џон Мекинро, а во неа беше и австралискиот тенисер, контроверзниот Ник Кирјос. На последниот ден од турнирот Кирјос требаше да се судри со Надал кој го се откажа поради повреда. Замена за Надал беше Доминик Тим, но сега пак, Австралиецот се откажа од двобој со него.

„Ја почувствував клучната коска“ се правдаше Кирјос, а неколку моменти потоа ги шокираше сите присутни на прес-конференција.

Пред да одговори на новинарско прашање, зема шише со пиво и го испи до дно.

Погледнете:

View this post on Instagram

Mood

A post shared by Nick Kyrgios (@k1ngkyrg1os) on

Scroll to Top