Top Sport

Кирјос: Не сакам да бидам како Роџер Федерер

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос вели дека секогаш бил „емоционален и театрален“ и дека сака да биде запаметен како спортист кој ги правел работите на свој начин и никако не сака да стане како легендарниот Роџер Федерер.

26-годишниот Кирјос ја освои својата прва гренд слем титула на Австралија опен, откако победи во двојки со сонародникот Танаси Кокинакис, но одби шанса да ја претставува Австралија во Дејвис купот.

„Се гледам во огледалото секое утро и знам дека се чувствувам удобно во сопствената кожа. Беше потребно долго време да се погледнам и да помислам: ‘Не ми е грижа дали ќе освојам гренд слем. Не сакам да бидам како Роџер Федерер’. Не знам какво е мислењето на луѓето за мене, но тие кои ме познаваат дека сум грижлив човек кој секогаш е истиот. Секогаш сум бил емоционален и театрален, но тоа е во ред. Сакам да бидам запаметен повеќе од човек кој играл тенис. Како некој кој го направил тоа на свој начин. Ги имате Надал, Ѓоковиќ и Федерер… Сакам децата да ме гледаат мене и да кажат дека можат да бидат и такви“, вели Кирјос.

Scroll to Top