Top Sport

Кирјос нема да игра на Ролан Гарос

Ајакс ги освои двете титули во Холандија, стигна и до полу-финалето во Лигата на шампионите, каде по вистинска драма испадна од Тотенхем, а еден од клучните играчи во најголемиот успех на клубот во изминатите две децении беше Душан Тадиќ.

За холандските медиуми српскиот репрезентативец открил како ја „преживеал“ елиминацијата од Тотенхем во Лигата на шампионите. Тотенхем со голот на Лукас Моура во последните секунди од реваншот во Амстердам избори пласман во финалето.

„Кога се вратив дома пуштив некоја тажна српска музика и седнав на софата. Потоа си легнав, мислам дека еден сат плачев. Следното утро кога ги видов моите деца се чувствував подобро“, рекол Тадиќ и дополнил.

„Поминаа многу години откако Ајакс ја освои дуплата круна. Ова беше фантастична сезона. Ајакс ја предизвика и Лигата на шампионите, мислам дека заслуживме да играме во финалето“.

Србинот со 38 гола и 24 асистенции беше најпродуктивниот фудбалер на Ајакс.

Scroll to Top