Top Sport

Дежа ви! Мик Шумахер се судри на „Ла раскас“… Слично како тато! (видео)

Синот на Михаел Шумахер, Мик, оваа сезона настапува во Формула 2 шампионатот и на денешната прва трка направи нешто што потсети на неговиот татко. Но, не на најдобрите моменти.

Мик Шумахер прво извлече фантастично претекнување на стартот на трката, пред да се судри со Татјана Калдерон на кривината „Ла раскас“ предизвикувајќи црвено знаме бидејќи болидите едноставно не можеа да поминат.

Ова неизбежно донесе споредби со 2006 година, кога Михаел Шумахер во текот на квалификациите контроверзно се паркираше на истото место не дозволувајќи ривалите (во прв план Фернандо Алонсо) да го подобрат неговото време. Иако Шуми тврдеше дека не го направил тоа намерно, стјуардите не мислеа така и го казнија.

Инциденот овојпат не беше контроверзен, бидејќи беше јасно дека помладиот Шумахер се обиде да најде место за да помине.

Scroll to Top