Top Sport

Кирјос сака саудиски пари и во тенисот

Австралискиот тенисер, Ник Кирјос вели дека би било одлично саудиските пари да стигнат и во тенисот, по огромните инвестиции во фудбалот, но и во голфот со обединувањето на ЛИВ и ПГА федерациите.

Минатата недела, претседателот на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), Андреа Гауденци за „Фајненшл тајмс“ потврди дека имал позитивни преговори со Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ), газдите на Њукасл јунајтед и предводниците на голферската турнеја.

„Конечно, ја гледаат вредноста на спортот. Ќе добиеме пари кои ги заслужуваме. Јас сум за“, напиша Кирјос на Твитер.

Шефот на Австралија опен, Крег Тајли, пак, не очекува толку големо влијание во тенисот.

„За разлика од другите спортови, во тенисот може само да има инвестиција на постоечката структура на спортот, а не алтернатива. Но, како и другите работи во светот, работите можат да се сменат“, вели Тајли.

Scroll to Top