Top Sport

Кирјос: Само себичните Американци сакаат да се одржи Ју-Ес опен

Во светот на тенисот трае дебатата дали треба да се одржи Ју-Ес опен. Според организаторите Гренд семот во Њујорк треба да започне на 31 август.

Против одржувањето на турнирот се тројцата најдобри во светот Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер. Ставот на овие тројца го подржува и контроверзниот Австралиец Ник Кирјос.

„Секако дека луѓето што живеат во САД ја туркаат идејата, тие сакаат да се одржи Ју-Ес опен. Себични сте. Јас би морал да го облечам својот ‘хазмат’ костум (специјален костум за деконтаминација) кога ќе патувам од Австралија, а потоа кога ќе се вратам од САД ќе морам да бидам две недели во карантин“, напишал Кирјос на „Твитер“.

На оние кои се противат на одржувањето на турнирот најмногу им пречи што ќе се игра без публика и што ќе можат да пристигнат во САД само со еден тренер.

Scroll to Top