Пабло Карењо Буста одговори на критиките од австралискиот ривал Ник Кирјос со прашање дали на Австралиецот му е толку досадно без тенисот.
29-годишниот Карењо Буста игра вечерва со Александер Зверев во полуфиналето на САД опен во обид да стигне до своето прво гренд слем финале, откако го победи Денис Шаповалов во пет сета по четири часа игра.
Откако Карењо Буста стигна до четвртото коло на САД опен минатата недела, Кирјос на Твитер напиша: „Ако немаше земјена подлога, овој човек немаше да биде ниту блиску до топ 50“, по што бргу го избриша твитот. Сега, Шпанецот му одговори.
„Изгледа му е многу досадно. Кога ќе се врати на турнирите ќе зборуваме за него ако вреди, во меѓувреме, ништо, ќе продолжи да твита од дома“, одговори Карењо Буста.
Кирјос ни тука не остана покус – преку Инстаграм напиша дека „навистина му е досадно“ и дека повеќе би сакал повторно да го победува Карењо Буста. „2-0“ напиша тој – тоа е скорот меѓу двајцата тенисери.
— José Morgado (@josemorgado) September 10, 2020