Ник Кирјос успеа да се надмине самиот себеси. Австралискиот тенисер излезе на теренот за првото коло на Синсинати опен без своите патики, по што во три сета со 39 аса го совлада Американецот Денис Кудла.
Австралискиот број 1, го задржа стартот на мечот, откако „буричкаше“ во торбата со опрема, по што му призна на судијата дека ги заборавил патиките. Тој отиде до крајот на теренот со чорапи за да најде некој кој ќе отиде да му ги земе патиките од соблекувалната, за да не мора да игра со патиките за кошарка со кои дојде на теренот.
На крајот, светскиот број 1 имаше 39 аса за тешка 6:7(2)/7:5/7:6(7) победа.
Only @NickKyrgios ??#CincyTennis pic.twitter.com/TPitUz7jV5
— Tennis TV (@TennisTV) August 14, 2018