Top Sport

Кирјос во 2023 по пет години ќе игра на Ролан Гарос – неговата девојка сака да го види Париз

Австралискиот тенисер Ник Кирјос потврди дека по пет години ќе се појави на Франција опен на терените на Ролан Гарос „во име на љубовта“.

Светскиот рекет број 94 последен пат играше во Париз во 2017 година и повторно ја пропушти целата европска сезона на земја, но сега најави дека ќе биде на Ролан Гарос во 2023 за неговата девојка Костин Хаци „да го види Париз“.

„Оваа година турнирот во Хјустон ќе ми биде единствен на земја. Следната година одам во Париз, го најавувам тоа уште сега. Ќе одам на Ролан Гарос. Да, не сум играл четири години таму… Зошто? Мојата девојка сака да го види Париз. Па, зошто да не играм и на Франција опен“, вели 26-годишниот Австралиец.

Scroll to Top