Top Sport

Кирстеа ја освои втората титула во кариерата, дури 13 години по првата!

Романката Сорана Кирстеа ја освои својата втора титула во кариерата, дури 13 години по првата, победувајќи ја првата носителка, Елизе Мертенс со 6:1/7:6(3) на Истанбул опен, комплетирајќи го турнирот без загубен сет.

67-рангираната Кирстеа во 2008 година беше сметана за една од најталентираните млади тенисерки, кога на 18 години ја освои титулата од Ташкент, а сега 13 години подоцна, ќе може да го постави и својот втор трофеј на витрината, комплетирајќи го турнирот со одлична победа по 100 минути игра.

Scroll to Top