Поранешниот шампион во тешка категорија, Владимир Кличко го критикуваше својот украински сонародник, Василиј Ломаченко, откако тој не позираше со украинското знаме по победата над Ричард Коми од Гана во „Медисон сквер гарден“ во саботата.
Ломаченко ја освои ВБО интер-континенталната титула во лесна категорија на мечот во доминантен меч, во кој дури им советуваше на тренерите на Коми да го прекинат мечот предвреме. Но, кога ја прославуваше титулата, тој на себе го имаше знамето на неговиот роден град Белгород-Днестровскиј, а не украинската двобојка.
Кличко, реши да реагира преку Твитер.
„Википедија: Патриотизам или национална гордост е чуството за љубов, посветеност, и поврзаност со татковината. Чувството носи заедништво меѓу луѓето. Василиј Ломаченко победи, честитки, но дали ја претставуваше земјата со некористењето на знамето“, напиша 45-годишниот Кличко.
Ова не е првпат Ломаченко да биде обвинет за недостаток на патриотизам, бидејќи на 33-годишниот ветеран најмногу му забележуваат за тоа што е верник на православната црвка во Украина која остана верна на Московската патријархија, нешто за што му забележуваат и на шампионот во тешка категорија, Олександер Усик.
Wikipedia: “Patriotism or national pride is the feeling of love, devotion, and sense of attachment to a homeland. The sentiment is a shared oneness among the people.” @VasylLomachenko won, congrats, but did he represent the Country with his NON use of his Country’s flag? WTF pic.twitter.com/RoPdl4DdTc
— Klitschko (@Klitschko) December 12, 2021
Усик ќе оди на Крим, ќе предизвика политичка скандал во Украина?