Top Sport

Клижан го елиминира Ѓоковиќ од турнирот во Барселона

Мартин Клижан го елиминира Новак Ѓоковиќ од турнирот во Барселона. Словакот славеше во три сета 6:2, 1:6, 6:3.

Клижан по четири порази во меѓусебните дуели со Ѓоковиќ ја забележа првата победа, со која дополнително ја продлабочи кризата во која се наоѓа некогаш најдобриот во светот.

Ѓоковиќ, по мастерсот во Монте Карло, ја прифати поканата од организаторот на турнирот во Барселона и успеа да одигра само еден меч.

Клижан максимално ја искористи бледата игра на Ѓковиќ, беше сигурен кога сервираше, а со скратените топки му создаде најмногу проблеми на противникот. Ѓоковиќ од друга страна, потсети не некои поранешни времиња, само во вториот сет, кога успеа експресно да израмни во сетови на 1:1.

Словакот во наредното коло ќе игра против Шпанецот Фелисијано Лопез.

Scroll to Top