Мартин Клижан, експресно, со 6:2/6:2 го совлада Узбекистанецот Денис Истомин за да ја освои својата шеста титула во кареирата, триумфирајќи на Генерали опен во Кицбил, Австрија, последниот европски турнир на земја.
29-годишниот Словак до финалето стигна како квалификант, откако на патот до финалето го совлада и првиот фаворит, Доминик Тим, за во финалето да биде подобар од уште еден квалификант, Истомин.
Клижан со победата стана само вториот тенисер во историјата на АТП турнејата кој победил во своите први шест АТП финалиња, покрај Ернестс Гулбис. Летонецот Гулбис уште е останат на 6-0.
King Klizan ?!
The Slovakian defeats fellow qualifier Denis Istomin 6-2 6-2 to take the Kitzbuhel trophy, the 6th #ATPWorldTour title of his career ???!#GeneraliOpen pic.twitter.com/RkxsLqkOfk
— Tennis TV (@TennisTV) August 4, 2018