Top Sport

Дискутабилни картони на дербито – реми за Тотенхем и Ливерпул

Тотенхем и Ливерпул одиграа интересно дерби во 17. коло во Премиерлигата на „Тотенхем стадионот“ во Лондон, кое на крајот заврши со четири гола, со поделба на поените (2:2) и со редок црвен картон на Енди Робертсон, кој за малку ќе беше од херој до трагичар на мечот.

Хери Кејн ја прекина лошата серија со гол во 13. минута од мечот, а потоа имаше среќа што не доби црвен картон за бруталниот старт токму над Шкотланѓанецот Робертсон, кој пак во 35. минута му асистираше на Диого Жота за 1:1.

Кога Тотенхем се изнапромашуваа преку Кејн, Деле Али и Сон Хеунг-Мин, стигна казната, кога во 70. минута, Робертсон даде гол за 2:1. Меѓутоа, само четири минути подоцна, Алисон Бекер направи бизарна грешка, на работ на шестнаесетникот и Сон лесно израмни на 2:2. Исфрустриран, Робертсон направи навистина груб старт за кој заслужи црвен картон за да ги остави „црвените“ со 10 играчи во последните десет минути од мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Сити ги „прегази“ и Њукасл, ослабениот Челси пак без победа

Scroll to Top