Новозеландскиот триатлонец Хајден Вајлд вчера освои олимписка бронза, што беше доволно неговата поранешна девојка да сфати што пропушта и јавно да признае дека жали што му раскинала.
Откако 23-годишниот Вајлд го освои медалот, локалната ТВ станица имаше интервју со неговото семејство и пријатели во Ватакејн, кога жената го имаше необичното признание.
„Жалам што раскинав со тебе. Горда сум на Хајден, на работата која ја заврши и за успехот кој го направи. Одевме во основно училиште заедно и навистина сум горда на неговиот успех“, изјави девојката.
Вајлд, пак, не ја прифати „стапицата“, изјавувајќи дека прво планира да се јави на својата сегашна девојка.
„Мислам дека прво ќе се јавам на девојката, која во моментов е во Шпанија. Таа стана рано наутро да ја гледа трката“, изјави триатлонецот.