Седумкратниот шампион на Вимблдон, Роџер Федерер влезе во третото коло на славниот британски гренд слем откако во дуел со уште еден ветеран, Французинот Ришар Гаске стигна до лесна 7:6(1)/6:1/6:4 победа кревајќи ги надежите на своите фанови по лошиот настап во првото коло.
39-годишниот Федерер, кој последната година одигра многу малку мечеви опоравувајќи се од операцијата на коленото, во првото коло се намачи со сонародникот на Гаске, Адријан Манарино, губејќи со два сета негатива, пред на 2:2 во третиот сет, Манарино да се повреди.
Против 35-годишниот Гаске, формата на Швајцарецот беше очигледно многу подобра, откако по првиот тесен сет, кој го доби во тај-брејк, го освои вториот за половина час, за да ја комплетира убедливата победа и да го подобри скорот против Гаске на неверојатни 19-2 во меѓусебните дуели.
Во третото коло се и рускиот фаворит Данил Медведев, како и Австралиецот Ник Кирјос по победи во три сета. Медведев со 6:4/6:1/6:2 го „уништи“ Шпанецот Алкараз, додека Кирјос со 7:6(7)/6:4/6:4 беше подобар од Италијанецот Џанлука Магер.