Top Sport

Колбрели со победа на „Пеколот на северот“, трката ја заврши покриен со кал

Сони Колбрели стана првиот Италијанец кој победил на класичната велосипедска трка Париз-Рубе по 22 години, откако во апсолутно неверојатен спринтерски финиш на тројца велосипедисти беше најсилен и покрај тоа што целиот беше покриен со кал.

По трката од 257.7 километри, во која има 30 сектори по кои се вози на калдрма, Колбрели не можеше да ги заддржи солзите на велодромот во Рубе, откако ги победи Белгиецот Флоријан Фермеш и Холанѓанецот Матју ван дер Пел. Победата на Колбрели дојде откако неговиот сонародник Џани Москон беше лидер во поголемиот дел од трката, пред поради дупната гума и пад во финишот да заврши само четврти со 44 секунди заостанување, оставајќи го Колбрели како првиот Италијанец со триумф по Андреа Тафи во 1999 година.

Scroll to Top