Top Sport

Вејн Руни повторно бил неверен?

Вејн Руни пред 18 месеци беше „фатен“ во автомобил на една жена во Велика Британија, ставајќи го својот брак под закана, за сега да го повтори истото и на Флорида во САД.

33-годишниот фудбалер на Ди Си јунајтед беше „фатен“ од папараците како се забавува со Американката Вики Росиек во десетчасовна посета на локалните барови која завршила во 2.30 часот по полноќ. Росиек со автомобил го возела по баровите во Флорида додека неговата сопруга Колин со нивните четири сина била во нивниот дом во Вашингтон.

„Колин веќе го предупреди за неговото однесување, и со ова тој го претера. Се игра со оган. Прво беше со своите машки пријатели во бар, а потоа се вози со убава синокоса девојка“, вели еден анонимен пријател на семејството за „Сан“.

Самата Росиек вели дека немало љубовна афера.

„Тој беше сам и пиеше пиво и прво не знаев кој е додека не ми кажаа моите пријателки. Тој беше тивок и малку срамежлив. Само му понудив превоз. Сакаше да зборува со некој за нешто друго освен за фудбал“, вели Росиек за „Сан“.

Вејн и Колин имаат четири сина – Каи (9), Клеј (5), Кит (2) и бебето Кес.

Вејн Руни бил уапсен во Вашингтон во декември!

Вејн Руни фарбаше клупи како дел од казната

 

Scroll to Top