Top Sport

Команечи: Никој во Романија нема да работи поради победата на Халеп

Легендата на романската гимнастика, Надја Команечи вели дека во Романија никој нема да работи „неколку дена“ бидејќи ќе се прославува победата на Симона Халеп над Серена Вилијамс во финалето на Вимблдон за нејзина втора гренд слем титула.

Пред 13 месеци, Команечи беше првата личност која Халеп ја прегрна на теренот „Филип Шартие“ по победата на Ролан Гарос, но во саботата таа не можеше да присуствува во Лондон, така што го следеше мечот преку ТВ.

„Фантастично. Ова не беше изненадување бидејќи таа ментално беше подготвена за оваа победа. Сега е време Романија да слави. Неколку дена никој нема да работи и сите ќе ја слават Симона“, вели Команечи за „Ројтерс“.

Интересно, јули ги спојува двете најпознати романски спортистки во историјата – бидејќи во јули 1976 година Команечи стана првата гимнастичарка во историјата со совршена 10-ка на Олимпијадата.

„Се работи за женска моќ. На 17 јули 1976 јас ја добив совршената десетка и јули е убав месец за романскиот фудбал. Пред 43 години го имавме послендиот финалист на Вимблдон, Илие Настасе, а денеска Симона направи еден чекор напред“, вели Команечи.

Халеп ја „уништи“ Серена и го крена трофејот од Вимблдон!

Scroll to Top