Комесарот на НФЛ лигата во американски фудбал, Роџер Гудел заработил фантастични 128 милиони долари како комбинација на плати, бонуси и други исплати од лигата во последнтие две години, објавува „Њујорк тајмс“.
Според изворите на весникот, сумата ја достигнува оваа астрономска сума со 90 отсто бонуси откако тој успеа да договори нов колективен договор во лигата и огромен пакет за ТВ-права. Во март 2020, НФЛ играчите го одобрија новиот колективен договор кој трае до 2030, и со кој се отвори можноста за сезона со 17 меча во сезона. Во март оваа година пак, НФЛ се договори со ЕСПН, Фокс, ЦБС, НБЦ и Амазон во медиумски договор до 2033 вреден 100 милијарди долари.
Гудел стана НФЛ комесар во 2006 година кога го замени Пол Таљабу.