Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот официјално го помилува Џек Џонсон, првиот црн светски шампион во тешка категорија, кој во 1913 година беше осуден за пренесување на бела жена преку меѓудржавните граници во САД.
Џонсон беше осуден во 1913 година според законот „Мен“, бидејќи пренесувал жена преку граница поради „неморални причини“. Жената која Џонсон ја „пренесувал“, Бел Шрајбер, работела како проститутка, но била во врска со шампионот во тешка категорија.
Џонсон доби една година затвор, но избега од САД неколку години, пред во 1920 да се врати и да ја отслужи казната. Џонсон, не само што беше првиот Афро-Американец со титулата, туку тој јавно се фалеше со своето богатство и беше во врска со бели жени, што во тој период било незамисливо.
Неколку поранешни и сегашни светски шампиони се собраа во Белата Куќа на церемонијата, меѓу кои Ленокс Луис и Дионтеј Вајлдер. Претходниот американски претседател Барак Обама, реши да не го помилува Џонсон поради обвиненијата за насилство над жените.
Me and @BronzeBomber turning @TheSlyStallone into a knuckle sandwich. ??? We are in DC for pardoning of Jack Johnson who was wrongfully convicted of violating #TheMannAct pic.twitter.com/2fRzllgnpd
— Lennox Lewis (@LennoxLewis) May 24, 2018