Top Sport

Конечно, се огласи и Федерер за рекордот на Ѓоковиќ: Се сеќавам, јас и Сампрас имавме по 14 титули

Новак Ѓоковиќ испиша историја откако го освои 23. гренслем трофеј. Му честитаа сите, а од Роџер Федерер немаше ни трага, ни глас.

Сега тоа се промени бидејќи се појави на медиумски настан во јужен Лондон, каде неизбежна тема беше рекордот на Новак.

„Новак направи неверојатна работа. Искрено, одлично е за тенисот, одлично е за спортот кога тенисот ја пишува сопствената историја како што тоа го правевме Серена Вилијамс, Рафа, јас и сега Новак. Одлично време е да се биде љубител на тенисот, како и играч. Се сеќавам кога се појавив на АТП турнејата, кога Пит Сампрас и јас имавме по 14 титули. Си помислив: „Ова ќе остане вака засекогаш“. Потоа освоив 15. Дојдов до 17 и потоа туркавме кон 20. Не се сеќавам кој беше прв. После Рафа ја крена границата на 22. Сега Новак го надмина и тоа со 23 и изгледа уште долго ќе продолжи да ги поместува границите, што е одлично. Му посакувам сѐ најдобро“, изјави Федерер.

 

Scroll to Top