Top Sport

Гаске го изненади Циципас и стигна до 600 победи во кариерата

Францускиот тенисер Ришар Гаске направи изненадување на АТП турнирот од серијата 250 во Штутгарт, победувајќи го Стефанос Циципас со 2:1 во сетови и се пласираше во четврт-финалето.

Гаске славеше со 7:6, 2:6, 7:5, а стигна до импресивната 600. победа во кариерата. Со тоа стана само четвртиот активен тенисер кој успеал да оствари ваков број на триумфи.

Ришар Гаске стана првиот Французин со 600 победи и по 11. пат во кариерата победи тенисер од Топ 5, а ова е негова прва победа на трева против Топ 10 играч од 2015 година.

Гаске за пласман во полуфиналето ќе се бори со домашниот тенисер Јан-Ленард Штруф.

Останатите двојки од четвртфиналето се: Хуркач – О’Конел, Музети – Тијафо и Фучович – Фриц.

Scroll to Top